Eкипата на Ал Наср славеше победа од 2:1 против Ал Шаба, а херој за домаќините беше Португалецот Кристијано Роналдо.
Емерик Лапорт донесе предност за Ал Наср од 1:0, но Ал Хасан во 90. минута ја погоди сопствената мрежа и изгледаше дека Ал Шабаб ќе освои бод на ова гостување.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Но, длабоко во судиското продолжение Ал Наср доби пенал кој во гол го претвори Роналдо.
За Роналдо ова беше 55 гол во дресот на саудискиот клуб на 54 натпревар. Ал Наср со овие три бода дојде до 17 со кои е на второто место на табелата, Ал Шабаб со 12 е четврти.