Дома Фудбал Италија Роналдо: Уште на 19 години сфатив дека фудбалот е цифри, рекорди, титули и голови!

Роналдо: Уште на 19 години сфатив дека фудбалот е цифри, рекорди, титули и голови!

Мегаѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо истакна дека се надева дека уште долго време ќе игра на високо ниво.

Роналдо иако веќе има полни 34 години, игра во фантастична форма и постојано соборува рекорди и се уште е гладен за титули.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Португалецот во интервју за „Франс Фудбал“ изјави дека уште на почетокот на кариерата ја сфатил суштината на фудбалот.

„Уште на 19-20 години сфатив дека фудбалот е цифри, титули, голови и рекорди. За да си ефективен пред голот прво треба да имаш талент, но талентот без работа е ништо. Ништо не паѓа од небо. Никогаш немаше да стигнам до тука без упорна работа. Мојата цел е да играм на највисоко ниво колку што може подолго“, изјави Роналдо.

Ова е дел од интервуто на Роналдо кое ќе излезе во наредниот број на „Франс Фудбал“ и поради кое одредени медиуми тврдат дека токму тој ќе ја освои „Златната топка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дембеле пропушти животна шанса, друг фудбалер е фаворит за „Златната топка“

Осман Дембеле важеше за главен фаворит за освојување на Златната топка, но по поразот на П…