Дома Фудбал Останато Роналдо со последната изјава ги налути фановите на Манчестер Јунајтед

Роналдо со последната изјава ги налути фановите на Манчестер Јунајтед

Кристијано Роналдо во својата кариера на двапати го носеше дресот на Манчестер Јунајтед, првиот мандат му беше многу поуспешен и токму тогаш прерасна во вистинска легенда на клубот од „Олд Трафорд“, па поради тоа неговата последна изјава предизвика реакции во фудбалската јавност.

Имено, Португалецот на изненадување на многумина не криеше и изјави дека ужива да го гледа големиот градски ривал на Јунајтед, Манчестер Сити. Португалецот беше полн со пофалби за тимот предводен од Пеп Гвардиола.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Манчестер Сити е неверојатен. Им честитам за минатата сезона. Фудбалерите, тренерот, сите беа одлични. Конечно успеаа да ја освојат Лигата на шампионите, а такво нешто заслужија уште пред две години. Уживам да ги гледам како играат“, изјави Роналдо.

Роналдо смета и дека Манчестер Сити има добри шанси да ја освои Лигата на шампионите и оваа сезона.

„Кои се моите фаворити? Манчестер Сити, Реал Мадрид, Баерн Минхен…“, одговори Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…