Дома Фудбал Италија Роналдо со вчерашниот гест ја воодушеви Италија: Тој е шампион! (ВИДЕО)

Роналдо со вчерашниот гест ја воодушеви Италија: Тој е шампион! (ВИДЕО)

Кристиано Роналдо во вчерашниот натпревар на Јувентус во кој „старата дама“ славеше победа од 3:0 се запиша во листата на стрелци во 70-тата минута.

Постигнатиот погодок Португалецот го посвети на својот соиграч Паоло Дибала.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Роналдо погодокот го прослави со заштитниот знак на Дибала кој минува низ е еден проблематичен период.

Аргентинецот од Јувентус оваа сезона не е во препознатливата форма, а против Сасуоло натпреварот го започна о клупата откако против Парма ја напушти клупата за резерви пред крајот на натпреварот.

Гестот на Роналдо го прокоментира прославениот италијански дефанзивец, Алесандро Костакурта.

„Прекрасен гест од Роналдо за Дибала кој минува низ тешки моменти. Роналдо е шампион и не само со топката во нозе“, порача Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Aртета откри што му кажал Анчелоти веднаш по натпреварот

На тренерот на Арсенал, Микел Артета, зборовите сами му излегуваа без прашања од новинарит…