Дома Фудбал Англија Роналдо се враќа против Арсенал, сезоната за Погба веројатно е завршена

Роналдо се враќа против Арсенал, сезоната за Погба веројатно е завршена

Ралф Рагник се уште е тренер на Манчестер Јунајтед и така ќе биде до крајот на сезоната. За натпреварот против Арсенал утре во тимот се враќа Кристијано Роналдо.

Португалецот имаше семејна трагедија, му почина новороденото дете и поради тоа не беше во комбинација за натпреварот против Ливерпул во кој Јунајтед беше декласиран со 4:0.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Роналдо повторно е со тимот. Се вратија Скот Мектоминеј и Рафаел Варан. И сите останатите со исклучок на Пол Погба се спремни за натпреварот“, изјави Рагник.

Германскиот стратег најави дека сезоната за Погба веројатно е завршена. Французинот поради повреда порано го заврши натпреварот против Ливерпул.

„Докторот ми кажа дека ќе паузира најмалку четири недели. Крајот на сезоната е 22. мај, веројатно нема да се враќа на терен“, истакна германскиот стратег.

Натпреварот помеѓу Арсенал и Јунајтед на програмата е во сабота од 13:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Белингем реагираше нервозно поради замената. Тухел: Морам да го разгледам случајот

АНГЛИСКИОТ селектор Томас Тухел го предупреди Џуд Белингем дека “однесувањето е клуч…