Дома Фудбал Италија Роналдо сепак вечерва ќе ја прими наградата за најдобар играч!

Роналдо сепак вечерва ќе ја прими наградата за најдобар играч!

Вечерва на гала цереминија во Париз со почеток од 20:30 часот ќе биде доделена престижната награда на „Франс Фудбал“, „Златната топка“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според најавите таа треба да ја добие Лионел Меси, на кого ова ќе му биде 6-та „Златна топка“. Вчера дури се појави фотографија на социјалните мрежи на која беа откриени гласовите. Аргентинецот има убедливо најголем број гласови пред Ван Дајк и Салах, а Роналдо е дури на четвртата позиција.

Кристиано Роналдо нема да се појави на церемонијата во Париз, но затоа ќе отпатува во Милано каде вечерва ќе се одржува „Гран Гала Калчо“.

Имено, ќе се избираат најдобрите во Серија А за сезоната 2018/19, а Роналдо ќе биде избран за „Играч на сезоната“ и ќе биде во идеалниот тим на лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ова се случи втор пат некогаш на Светското првенство во фудбал, последен пат на 15 јуни 1958 година

Чуден ден е зад нас на Светското првенство во фудбал. Имавме можност да видиме четири натп…