Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Роналдо погоди, Португалија подобра од Гана!

Роналдо погоди, Португалија подобра од Гана!

Ако претходните два натпревари денес не донесоа големи возбудувања не беше така со натпреварот помеѓу Португалија – Гана во кој видовме дури пет погодоци.

Се што беше интересно на овој натпревар се случуваше во второто полувреме. Во првиот дел видовме по некоја шанса на двете страни, но мрежите мируваа. Кристијано Роналдо изнуди пенал и истиот го реализираше во 65. минута. Гана преку Андре Ајев изедначи во 73. минута.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Возбудувањата не застанаа тука, напротив само што започнаа. Жоао Феликс пет минути подоцна го врати водството на Португалците, а на 10 минути до крајот Леао зголеми на 3:1. Не се откажа Гана и покрај двата гола негатива, Букари во 89 минута стрела за 3:2. Сепак, за повеќе немаа сили, па Португалија стартуваше со победа.

Треба да се спомене и дека Роналдо со голот вечерва стана единствениот фудбалер кој постигнал гол на пет светски првенства во низа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Готово: Ветеранот Вилијан има нов клуб!

По втор и веројатно последен пат, искусниот крилен фудбалер се врати во татковината. Овој …