Дома Трансфер зона Роналдо на Јувентус му го предложил напаѓачот кој му намести најмногу голови во кариерата

Роналдо на Јувентус му го предложил напаѓачот кој му намести најмногу голови во кариерата

Познато е дека Андреа Пирло ќе побара од Јувентус да му биде донесена класична деветка, а Кристиано Роналдо има свој фаворит.

Пирло е одлучен да доведе центарфор за да го растерети Роналдо во новата сезона, помеѓу кандидатите се: Един Џеко, Аркадиуш Милик, Александар Лаказет, Раул Хименез…

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Меѓутоа, сега медиумите пишуваат дека едно име на управата предложил и Роналдо. „Газета дело Спорт“ објави дека Португалецот на „старата дама“ им го предложил Карим Бензема.

Роналдо девет сезони играше со Французинот и не е чудо што го сака во Торино. Сепак, прашање е колку Реал Мадрид ќе сака да го пушти Бензема кој по заминувањето на Португалецот стана уште поважен за тимот.

Треба да споменеме и дека Бензем е играчот кој во кариерата му наместил најмногу голови на Роналдо.

Французинот има договор со Реал до 2022 година и има одличен однос со Зидан и Флорентино Перез, па во овој момент изгледа тешко дека може да го напушти Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…