Дома Фудбал Останато Роналдо на тренинзите во Реал доаѓал пијан: Беше најталентиран, ама правеше се што не треба

Роналдо на тренинзите во Реал доаѓал пијан: Беше најталентиран, ама правеше се што не треба

Легендарниот италијански стратег Фабио Капело тврди дека никој во тренерската кариера не му создал повеќе проблеми од познатиот бразилски напаѓач Роналдо.

Капело и Роналдо соработуваа во Реал Мадрид шест месеци во сезоната 2006/2007, а Италијанецот немал мир од Роналдо кој сакал да се забавува, па на некои тренензи се појавувал и пијан.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Барем така тврди стратегот кој со Реал таа година ја освои шампионската титула во Шпанија. Сепак, иако имал проблеми Капело нема дилеми дека Роналдо бил најталентираниот играч кој го тренирал.

„Најталентираниот фудбалер кој некогаш сум го тренирал е Ронадло. Но, во исто време беше играч кој ми правеше најмногу проблеми во соблекувалната. Сакаше да се забавува и правеше се што не треба. Еднаш Руд Ван Нистерлој ми кажа: Тренеру, соблекувалната смрди на алкохоло“, изјави Капело.

Тврди дека Реал почнал да реди победи кога Роналдо заминал во Милан.

„Роналдо отиде во Милан и ние започнавме да победуваме. Сепак ако зборуваме за најталентираниот играч во историјата, тоа е тој без никакви дилеми“, објасни легендарниот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе повеќе нема да биде капитен на Франција? Л’eкип: Ситуацијата е сложена

КИЛИЈАН МБАПЕ (25) не беше дел од француската репрезентација за натпреварите со Израел и Б…