Дома Трансфер зона Роналдо на лето го напушта Јувентус

Роналдо на лето го напушта Јувентус

Италијанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Кристиано Роналдо на крајот на сезоната може да го напушти Јувентус.

Поради пандемијата со коронавирусот италијанските клубови трпат големи загуби, а најпогоден ќе биде Јувентус, кој добива најмногу од ТВ права.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тоа може да го натера раководството на Јувентус да ја продаде првата ѕвезда, Кристиано Роналдо, кој годишно заработува 31 милион евра.

Со продажбата на Португалецот Јувентус сака да ја наполни касата и да го растерети буџетот за плати, па на крајот на сезоната спремни се да прифатат понуда од 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…