Јувентус немаше баш најдобра прва половина од сезната во Серија А, за разлика од претходните години во кои доминираше „старата дама“ сезонава после 14. кола се наоѓа на шестата позиција со 24 бода и натпревар помалку.
Сепак и покрај ваквата форма на Јувентус, Кристиано Роналдо е избран за најдобар фудбалер во Серија А според оценките на медиумите и дневните весници.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Роналдо вкупно на теренот помина 822 минути и за тоа време постигна 12 гола и запиша една асистенција со што доби највисока оценка од 7.8.Зад Португалецот следуваат Доменико Берарди од Сасуоло и Белоти од Торино со оценка 7.59.
Во продолжение од 4. до 10. место распоредени се: Родриго Де Паул, Тео Хернандез, Хакан Чалханоглу, Ромелу Лукаку, Хенрик Микхтаријан, Лоренцо Пелегрини и Един Џеко.