Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Кристиано Роналдо е прогласен за најдобар во месец април.
Португалскиот напаѓач во изминатиот месец постигна пет голови, а ова е само втора награда за најдобар играч во месецот во оваа сезона.
Cristiano Ronaldo is the @EASPORTSFIFA Player of the Month for the second time this season 💫#PLAwards | @Cristiano | @ManUtd pic.twitter.com/lkryrExtoD
— Premier League (@premierleague) May 12, 2022
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вкупно досега Роналдо освои шест играчи за месецот и се приближи до рекордерите Хари Кејн и Серхио Агуеро кои ова признание го добиваа по седум пати. Роналдо во април го постигна својот 100. гол во Премиер лигата во поразот од Арсенал од 3:1, додека против Норвчиќ го запиша својот 50. клупски хет-трик.
Премиер лигата прогласи и тренер на месецот, а тоа беше шефот на стручниот штаб на Барнли, Мајк Џексон. Тој влезе во клупската историја откако успеа на првите четири меча да остане непоразен.
Instant impact 👊
— Premier League (@premierleague) May 12, 2022
Mike Jackson is your @BarclaysFooty Manager of the Month for April#PLAwards | @BurnleyOfficial pic.twitter.com/piUZqKkDiD