Дома Фудбал Италија Роналдо и слободните удари во Серија А: Втор е – ама од позади!

Роналдо и слободните удари во Серија А: Втор е – ама од позади!

Бројките не се на негова страна и нешто очигледно ќе мора да промени.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пристигна Кристиано Роналдо пред околу година и нешто повеќе во редовите на Јувентус како огромно засилување. За „старата дама“ плати повеќе од 100 милиони евра и Португалецот доби договор тежок 31 милион евра по сезона.

Во првата сезона во Серија А остави добар впечаток, постигна 28 голови на 43 настапи, но според еден параметар е помеѓу најлошите во Италија.

Имено, Кристиано Роналдо е втор најлош изведувач на слободни удари во Серија А.

Тој не ја погодил мрежата на ривалот од 18 слободни удари во низа, а кога на овие слободни удари ќе се додаде и Лигата на шампионите доаѓаме до бројка од 24 промашени слободни удари во низа.

Роналдо 15 пати го погодувал живиот ѕид, два пати го промашил голот и седум пати голманите ги бранеле неговите удари.

Полош од Роналдо во Италија е само Камил Кјан кој минатата сезона играше во Фросиноне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Далиќ претставен на Блискиот Исток: Не дојдов тука поради пари, ова е мој втор дом

Хрватскиот стратег Златко Далиќ им беше претставен на медиумите откако стана новиот селект…