Дома Топ вести Роналдо и Меси во ист тим – само еден човек може да ги спои

Роналдо и Меси во ист тим – само еден човек може да ги спои

Лионел Меси и Кристиано Роналдо се најдобрите фудбалери во изминатите две децении и најголеми ривали во овој спорт.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако е тешко да се замислат двајцата во ист тим, да бидат соиграчи, сепак постојат најави за такво нешто.

После турбуленциите во Барселона се погласни се шпекулациите за можно заминување на Меси, но сепак тешко е да се поверува дека Аргентинецот ќе игра за друг клуб во Европа.

Американската МЛС лига станува многу интересна за фудбалерите ширум светот, па двете најголеми фудбалски ѕвезди би можеле наскоро да се преселат таму.

Нивна дестинација би бил тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами, кој се подготвува за дебитантска сезона во МЛС и е во потрага по големи фудбалски имиња.

„Често слушам дека ќе видиме бомбастични засилувања, а имињата кои најчесто се споменуваат се Роналдо и Меси. Тоа би било неверојатно за американскиот фудбал, а единствениот со глобален имиџ што би можел тој сон да се реализира е секако Дејвид Бекам“, изјави менаџерот на Минесота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…