Дома Топ вести Роналдо инсистира да си оди, Јувентус не го пушта без пари

Роналдо инсистира да си оди, Јувентус не го пушта без пари

Кристиано Роналдо инсистира да го напушти Јувентус и веќе му соопштил на соиграчите дека ќе си замине од крајот на преодниот рок.

Неговиот агент Жорге Мендеш денес пристигна во Торино и имаше состанок со раководството, но двете страни не нашле заеднички јазик.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Имено, Португалецот има понуда од Манчестер Сити, но само доколку пристигне на „Етихад“ без обештетување.

Јувентус не се согласува да го раскине договорот и е спремен да го пушти Роналдо само под нивни услови. Односно „бјанконерите“ бараат 25-30 милиони евра за неговата слобода.

Меѓутоа, преговорите помеѓу Мендеш и раководството продолжуваат бидејќи Роналдо инсистира да ја промени средината и не сака повеќе да игра за Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…