Дома Фудбал Останато Роналдо за критиките од Бонучи и Киелини: Не е мој проблем ако некој не гледа каква кариера имам

Роналдо за критиките од Бонучи и Киелини: Не е мој проблем ако некој не гледа каква кариера имам

Кристиано Роналдо летово го напушти Јувентус и се пресели во Манчестер Јунајтед. „Старата дама“ после лошиот влез во сезоната почна да игра подобро и во добра форма влегува во утрешното дерби со Интер.

Џорџо Киелини и Леонардо Бонучи во медиумите зборуваа дека заминувањето на Роналдо било добро за тимот. Сега стигна одговорот од Португалецот во интервју за „Скај Спорт“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Не се плашам од што луѓето зборуваат за мене. Не е мој проблем ако некој не сака да види што сум направил во кариерата. Освоив се!“, изјави Роналдо.

Киелини го критикуваше Роналдо затоа што го напуштил тимот пред самиот поечток на сеозната, додека Бонучи во својата изјава посочи дека минатата сезона сите играле за Роналдо и дека сега во нападот имаат поголема слобода.

„Секоја вечер одам во кревет со мирна совет. Нема да коментирам, ќе продолжам да играм и сите ќе ги замолчам со голови и трофеи. Критики е нормално да се има, како во животот, така и во фудбалот, тие ме мотивираат“, истакна Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул не ја промени одлуката околу Дарвин, Рамадани го држи клучот за трансфер?

Дарвин Нуњез не е во плановите на Арне Слот и неговата следна дестинација извесно е –…