Дома Топ вести Роналдо до раководството: Ако го донесете него, јас заминувам од клубот!

Роналдо до раководството: Ако го донесете него, јас заминувам од клубот!

Реал Мадрид ова лето се спрема да донесе неколку звучни засилувања на „Сантиаго Бернабеу“, најавуваат шпанските медиуми.

Прво име на листата желби на претседателот Флорентино Перез е ѕведата на Челзи, Еден Азар, фудбалер кој силно го посакува и тренерот Зинедин Зидан.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Меѓутоа, мадридскиот весник „АС“ во денешното издание тврди дека за доаѓањето на Азар во Мадрид најмногу се противи првата ѕвезда на тимот, Кристиано Роналдо.

Весникот кој е близок до Реал Мадрид пренесува дека Роналдо му порачал на претседателот дека ќе си замине од клубот доколку пристигна Азар.

Од „кралскиот“ клуб никој не ја потврди оваа информација, но не е тајна дека Роналдо сака да биде прва ѕвезда во клубот и дека има влијание на трансфер политиката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…