Кристиано Роналдо не штеди пари кога е послугата во прашање, меѓутоа соработката со најпопуларниот фудбелер на светот значи и одрекување од нормалниот живот.
Роналдо е најплатен фудбалер во историјата и во Ал-Наср заработува 200 милиони евра по сезона, плус има богати спонзорски договори со многу компании.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите откриваа дека да се биде послуга кај Роналдо воопшто не е лесно, но е добро платено. Па така куварот, батлерот и собарките заработуваат од 6.000 евра месечно па нагоре.
Меѓутоа, пред да влезат во неговата вила мора да потпишат специјален договор.
Имено, секој вработен во неговата вила потпипува „договор до смрт“, односно не смее ништо да открива за неговиот приватен живот 70 години после неговата смрт.
Едноставно, вработените во неговата вила не смеат на никого да му кажат како им поминал нивниот работен ден или како живее најпопуларниот фудбалер во светот.