После продолжувањето на соработката со Реал Мадрид, Кристиано Роналде денес ќе потпише нов договор со спонзорот „Најк“.
Ѕвездата на „кралевите“ и португалската репрезентација години наназад е заштитно лице на американскиот производител на спортска опрема, а ќе остане и во иднина.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Извештаите велат дека Кристиано Роналдо ќе ги следи стапките на Леброн Џејмс и ќе добие доживотен договор од американскиот производител на спортска опрема.
Според договорот, Роналдо од „Најк“ ќе добива фантастични 24 милиони евра годишно. Досегашниот на заштитното лице на компанијата му носеше три ипол пати помала сума. И Роналдо и „Најк“ потврдија дека заеднички продолжуваат и во иднина.