Дома Фудбал Репрезентации Роналдо го смируваа покрај теренот, навивач го нападна судијата

Роналдо го смируваа покрај теренот, навивач го нападна судијата

 

Никој во Португалија синоќа не беше среќен поради ремито против Србија (1:1),  а посебно не од одлуките на судијата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Португалија освои само бод, но домаќините жалат откако не им беше досуден пенал после играњето со рака на Рукавина.

Иако послкиот судија Марсинијак најпрвин покажа на белата точка, потоа во консултација со помошникот ја промени одлуката.

Тоа предизвика бес кај Португалците, а повредениот Роналдо покрај теренот протестираше на одлуката на судијата, поради што го смируваа.

Исто така, еден навивач на Португалија тргна да се пресмета со четвртиот судија, но инцидент е избегнат со брза реакција на обезбедувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Гвардиола одлучи: Родри може да замине, а наместо него доаѓа „ѕвер“ вреден 100 милиони евра

На сите им е јасно дека Родри наскоро ќе го напушти Етихад, а како стојат работите кариера…