Дома Топ вести Роналдо го опишуваа најблиските – мајката Долорес и сестрата Катја

Роналдо го опишуваа најблиските – мајката Долорес и сестрата Катја

Кристиано Роналдо и Лионел Меси ниту се сакаат премногу, ниту се мразат, но очигледно е дека помеѓу нив двајца постои огромно ривалство.

За односот помеѓу Меси и Роналдо многу зборува и последната изјава која се појави во медиумите, а доаѓа од сестрата на Роналдо.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Во нашиот дом не разговаравме за Меси. Кристано знае дека кога ќе помине куќниот праг и ќе излезе надвор започнува вистинска „бура“. Тој исто така знае дека е заштитен само кога е дома и тоа е местото каде што ги полни батериите“, изјави сестрата на Роналдо за „Л’Eкип“, Катја Авеиро.

Мајката на Роналдо Долорес смета дека нејзиниот син може да игра на највисоко ниво уште неколку години.

„Тој е многу фокусиран, но знае да биде и нервозен. Кристиано натпреварот го доживува и во својата глава и размислува како нешто да се направи подобро. Кристиано не е машина, но тој ќе продолжи да игра се додека се чуствува дека е во можност, мислам дека тоа ќе биде уште три или четири години“.

„Одсекогаш беше перфекциониста, секогаш сакаше да биде најдобар, ќе направи се за да победи“, изјави мајката на ѕвездата на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лудо: Девојка го ограбила легендардниот Давидс за 220.000 евра, дознал неколку години подоцна!

Познатиот холандски фудбалер Едгар Давидс (52) преживеал неочекуван инцидент кога неговата…