Дома Фудбал Италија Роналдо: Горд сум што одиграв 1000 натпревари

Роналдо: Горд сум што одиграв 1000 натпревари

Славната фудбалска ѕвезда Кристиано Роналдо, кој моментално го носи дресот на Јувентус, синоќа против Интер го одигра 1.000-от натпревар во својата кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалецот зад себе има импресивни бројки. Тој постигна 725 голови и 253 асистенции, настапувајќи за Спортинг, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и португалската репрезентација.

Роналдо има пет златни топки. Во 2016 година го освои Европското првенство со репрезентацијата на Португалија. Има пет титули од Лигата на шампионите и е најдобриот стрелец во историјата на елитното натпреварување.

„Горд сум што стигнав до 1.000 натпревари во мојата кариера и тоа со многу важна победа со која се вративме на врвот на табелата. Им благодарам на сите мои соиграчи, тренери, моето семејство и моите навивачи, кои ми помогнаа да дојдат до ова неверојатно постигнување“ , напиша Роналдо на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Заборавена ѕвезда на Ливерпул по 834 дена го напушта клубот: Доаѓа крај на една тажна приказна!

Стефан Бајчетиќ е пред излезни врати од Ливерпул по период во кој неговата кариера на Енфи…