Дома Трансфер зона Роналдо ги известил соиграчите дека го напушта Јувентус?

Роналдо ги известил соиграчите дека го напушта Јувентус?

На Кристиано Роналдо му остана уште една година од договорот со Јувентус, но изгледа дека Португалецот порано ќе го напушти Торино.

После тешката и турбулентна сезона во која Јувентус сепак го освои Купот и Суперкупот на Италија и избори место во ЛШ клубот го напушти Пирло. Во медиумите веќе некое време се најавува и заминување на Роналдо.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Роналдо во Јувентус пристигна во 2018 година, но Португалецот не успеа да го донесе пехарот во Лигата на шампионите, а на сето тоа и Интер ја прекина нивната доминација во Италија. Со оглед на тоа дека заработува 30 милиони евра по сезона Јувентус одлучил дека е време да замине за да се направи реконструкција на екипата.

Според последните информации од Италија Роналдо веќе и ги известил соиграчите дека ќе замине. Причина за заминување на Роналдо може да биде и враќањето на Масимилијано Алегри кој наводно не го гледа португалскиот ас како дел од својот проект.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…