Легендарниот Роналдињо и неговиот брат на почетокот на месецот се пуштени од затвор откако беше платена кауција од 1.6 милиони долари.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Роналдињо ќе продолжи да се брани од домашен притвор. Своевремено најдобриот светски фудбалер е сместен во хотел со 4.5 ѕвезди во престолнината на Парагвај, Асунсион.
При доаѓањето од бразилскиот ас имал само еден посебен услов: фудбалска топка и простор за играње.
„Му овозможивме простор од 30 метри должина и 15 метри ширина за да може да игра фудбал“, изјави менаџерот на хотелот Емилио Јергос.
Инаку, Роналдињо неговиот брат и двајцата адвокати поради пандемијата од коронавирусот се единствени гости во хотелот.
„Роналдињо не го губи расположението и често се шегува. Изгледа како одличен чове. Секогаш е насмеан како и неговиот брат. Првиот ден беше под стрес и напнат, но тоа се промени“, додаде Јергос.
Поранешниот светски шампион и добитник на „Златната топка“ во Парагвај допатува на промиција на книга и да учествува во кампања за заштита на децата, меѓутоа поради користење на лажен пасош заврши зад решетки.