Дома Трансфер зона Рома ја одреди цената на Абрахам

Рома ја одреди цената на Абрахам

Aнглискиот напаѓач Тами Абрахам направи вистински потег со трансферот во Рома затоа што ја игра сезоната на кариерата.

Сезонава Абрахам во дресот на Рома постигна 24 гола во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови. Како еден од посериозните во својата намера се споменуваше Манчестер Јунајтед.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од Јунајтед имале намера и да започнат преговори, но пораката од Рома може лесно да ги откаже. Имено, кој го сака Абрахам ќе мора да плати 120 милиони евра, тоа е одлуката која ја донесе раководството на римскиот клуб.

Поранешниот играч на Челзи веќе е Англичанецот со најмногу голови на сите турнири меѓу играчите во топ 5 европските првенства.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…