Tимот на Рома на крајот од сезоната ќе може да го купи белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку за 37 милиони евра, пишува британски Дејли Мејл.
Лукаку е член на Челзи, а со лондонскиот клуб има договор до 30 јуни 2026 година. Моментално е на позајмица во Рома.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Британските медиуми пренесуваат дека челниците на Челзи конечно ја пронашле вистинската опција да го продадат белгискиот напаѓач надвор од Премиер лигата.
Лукаку (30) постигна седум гола на осум натпревари за Рома во сите натпреварувања. Белгиецот кариерата ја започна во Андерлехт, а потоа играше за Челзи, Вест Бромвич Албион, Евертон, Манчестер Јунајтед и Интер.
🚨 Chelsea will allow Romelu Lukaku, currently on loan at Roma, leave for about £37m next summer.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 10, 2023
(Source: @FabrizioRomano) pic.twitter.com/1zLOI5VXvR