Рома се наоѓа во резултатска криза, па раководството на клубот веќе размислува за летниот преоден рок и веќе почна да работи на новите засилувања.
Прва желба на „волчицата“ е фудбалерот на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ, кој веќе има искуство во Серија А бидејќи настапуваше во Интер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Токму од „Џуземе Меаца“ Ковачиќ пристигна во Мадрид во 2015 година, но се уште не се избори за првотимски статус, па е спремен да ја промени средината.
Реал исто така е спремен да го пушти Хрватот следното лето, но Рома ќе мора да се избори со силната конкуренција бидејќи за него силен интерес покажуваат и клубовите од Премиер лигата.
„Волчицата“ е спремна да понуди 30 милиони евра за неговиот потпис, а медиумите тврдат дека наводно веќе стапила во контакт со неговиот агент.