Дома Трансфер зона Рома пронајде засилување и тоа од Барса

Рома пронајде засилување и тоа од Барса

Рома оваа сезона има големи проблеми со десната бековска позиција…

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Засилувањето од Фејенорд Карсдроп стигна повреден, а потоа заработи и потешка повреда и тоа е голем хендикеп за „волчицата“.

Бруно Переш исто така не е целосно опоравен, на таа позиција може да игра и Флоренци, но и тој имаше долга пауза па тешко дека ќе може да игра на три фронта.

Поради тоа Еусебио Ди Франческо бараше десен бек, а директорот Мончи го пронајде во Барселона.

Во прашање е Алеш Видал кој наводно се согласил да дојде во Рим. Имено, тој би пристигнал на позајмица со право на откуп за сума од околу 15 милиони евра.

Овој фудбалер никогаш не успеа да го замени Дани Алвеш, сега Семедо добива предност, а тука е и Серхио Роберто кој кај Луис Енрике играше на таа позиција.

Мончи Видал веќе еднаш успеа да го доведе и тоа додека работеше во Севиља од редовите на Алмерија, а потоа и го продаде на Барселона после само една сезона во Андалузија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…