Дома Трансфер зона Рома постави цена за својата ѕвезда

Рома постави цена за својата ѕвезда

Жозе Мурињо е спремен на лето да направи целосна реконструкција на тимот во Рома, па на неколку фудбалери ќе му ја покаже излезната врата.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека меѓу фудбалерите кои ќе бидат ставени на трансфер листа е и Николо Заниоло.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Талентираниот 22-годишен фудбалер не сака да го продолжи договорот, па Рома верува дека сега е идеално време за негова продажба.

Најсилен интерес за Италијанецот покажува Јувентус, кој во Заниоло гледа идеална замена за Дибала.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Рома за слободата на Заниоло ќе бара 70 милиони евра, бидејќи 15% од трансферната сума треба да му ја даде на Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…