Раководството на Рома повторно покажува сериозен интерес за крилниот напаѓач на Лестер, Ријад Марез, пренесуваат италијанските медиуми.
Марез беше главна трансфер цел на „волцита“ во текот на летото, но тогаш италијанскиот клуб не успеа да се договори со „лисиците“, иако играчот се согласи да се пресели во Рим.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лестер за неговата слобода бараше 50 милиони евра, додека Рома максимално понуди 40 милиони, но сега раководството повторно ќе се обиде да го донесе Алжирецот на „Олимпико“.
Марез и оваа сезона игра одлично и има запишано 8 гола и 8 асистенции на 24 натпревари во сите натпреварувања.