Дома Трансфер зона Рома не застанува: Мурињо сака уште две засилувања

Рома не застанува: Мурињо сака уште две засилувања

Во Рома веќе пристигнаа Паоло Дибала, Немања Матиќ, Миле Свилар и Зеки Челик, а наскоро за клубот од Рим би можеле да потпишат уште Жоржињо Вајналдум и Ерик Баји.

Медиумите во Италија денес пренесуваат дека Мурињо побарал од управата на Рома да се доведе стоперот на Манчестер Јунајтед кој своевремено го доведе на „Тетарот на соништата“ од Виљареал за 40 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баји нема да има минутажа во Јунајтед покрај Варан, Мартинез и Мегваер спремен е да замине, а соработка со Мурињо секако звучи примамливо.

Слична е ситуацијата и со Вајналдум, чиј статус нема да се промени ниту кај Галтие. Тој ќе форсира формација 3-4-1-2, предност ќе добијат Верати и Витињо, тука се уште Андер Ерера и Леандро Паредес ако остане.

Вајналдум не ги исполни очекувањата откако дојде како слободен играч минатото лето и ПСЖ е спремен да го продаде. Мурињо сака да ја искористи таа ситуација и Вајналдум да го спои со Матиќ, со останатите засилувања и со Дибала зад Абрахам Рома има на што да се надева во новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал може да добие бесплатно засилување од Реал Мадрид

Ферланд Менди е фудбалер кој во Реал Мадрид пристигна од Лион во 2019 година и е прв избор…