Рома е пред реализација на голем траснсфер. Според весникот „Сан“, „волчицата“ е многу блиску до привлекување на големата ѕвезда на Лестер, Ријад Марез.
Англиските медиуми тврдат дека Рома ќе ја добие битката за потписот на алжирскиот репрезентативец со Арсенал, Барселона и Јувентус.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Марез претходно и самиот истакна дека чувствува дека е време да го напушти Лестер, а и тренерот Крег Шекспир изјави дека управата ќе ги разгледа понудите кои ќе се појават за Марез.
До сега ниту еден клуб не достави официјална понуда, па таквата ситуација може да ја искористи Рома и да го донесе Алжирецот на „Олимпико“.
Спортскиот директор на Рома, Мончи веќе остварил контакт со англискиот клуб и е спремен да понуди 30 милиони фунти, па доколку се реализирта трансферот сигурно ќе биде големо засилување за „волчицата“.