Дома Трансфер зона Рома го претстави третото засилување ова лето

Рома го претстави третото засилување ова лето

Зеки Челик е нов фудбалер на Рома. Турскиот фудбалер потпиша четиригодишен договор со италијанскиот клуб.

Рома за услугите на овој играч на Лил му плати седум милиони евра оштета, а францускиот клуб ќе добие 15% од наредната продажба на фудбалерот. Челик игра на позицијата десен бек и ќе биде главен конкурент на Рик Карсдроп за стартниот состав.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Турскиот репрезентативец во дресот на францускиот клуб одигра 13 натпревари во Лигата на шампионите, а вкупно 143. Тој е третото засилување за Рома после Немања Матиќ и Миле Свилар.

„Имам големи амбиции и желба со клубот да постигнам успех. Спремен сум и фокусиран, никогаш не се откажувам и од мене нема да видите да не се борам на теренот“, изјави Челик на својата промоција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го најде наследникот на Жиру

„Росонерите“ веќе почнаа да работат на засилувањата за следната сезона и позната е најголе…