Дома Трансфер зона Рома веќе пронајде замена за Манолас!

Рома веќе пронајде замена за Манолас!

Италијанските медиуми на големо шпекулираат дека стоперот на Рома, Костас Манолас на крајот на сезоната ќе се пресели во редовите на Интер.

Имено, медиумите тврдат дека Манолас веќе се договорил со Интер и поради тоа не сака да потпише нов договор со Рома, а цената на трансферот ќе изнесува 45 милиони евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Рома веќе почна да бара замена за Гркот, а прва мета е младиот дефанзивец на Челзи, Курт Зума. Французинот не добива голема минутажа оваа сезона кај Антонио Конте, а се шпекулира дека Челзи е спремен да го пушти на позајмица следната сезона.

Сепак, Рома сака долгорочно решение на таа позиција и работи на тоа во целост да го откупи неговиот договор, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Зума не е задоволен од моменталниот статус и малата минутажа во Челзи, па е отворен на крајот на сезоната да ја промени средината.

„Ќе видиме што ќе се случи на крајот на сезоната. Мораме да разговараме со раководството, јас сум млад и во овие години морам да играм за да напредувам“, изјави Зума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…