После среќната победа на првиот натпревар во Амстердам минатата недела, Рома го пречека лидерот на Ередивизија, Ајакс, на „Стадио Олимпико“ во Рим, во реванш битка за пласман во полуфиналето од Лигата на Европа.
Откако и ставија крај на неверојатната серија на холандскиот гигант без пораз на домашен терен од 10 меча во ова натпреварување, римјаните сега ќе се обидат да ја искористат својата предност од првиот натпревар и тоа на својот стадион. Ајакс ќе има исклучително тешка задача – мора да постигне минимум два гола во Рим ако сака да се надева на пласман во полуфиналето.
Ајакс беше доминантен на првиот меч, но немаше среќа
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И покрај неубедливиот настап на „Јохан Кројф Арена“ минатиот четврток, Рома ја заработи својата петта последователна победа во Лигата на Европа и го нанесе првиот пораз на Ајакс, екипа која претходно немаше ниту еден пораз во 2021 година.
Иако и двата тима имаа неколку проблеми со повредите, домаќините во најголем дел доминира. Ако с епогледне статистиката, ќе биде чудно да поверувате во победа на Рома. Ајакс имаше две третини од поседот на топката, имаа и повеќе од двојно удари кон противничкиот гол, но не успевајќи да ги искористат максимално можностите дојде поразот. Водеа во првиот дел, но во второто полувреме Рома дојде до целосен пресврт и покрај тоа што имаше само 26% посед на топка.
Фудбалерите на Ерик десет Хаг беа немилосрдни од крајот на минатата година – испуштија бодови само со ПСВ на последните 13 првенствени натпревари и се надеваа дека ќе го искористат тој момент за да обезбедат полуфинално место во второто по ранг европско натпреварување откако испаднаа од Лигата на шампионите минатата есен.
Верувањето дека можат да го надминат дефицитот од првиот меч се темели на факти. Ајакс едноставно има екипа која може да се носи со секој противник и во тоа нема никаква дилема. Доколку имаат барем малку повеќе среќа од првиот меч, нема да биде чудно ако ја елиминираат Рома.
Освен тоа, Ајакс е непоразен на последните шест гостувања во Италија и тоа е само еден дополнителен мотив за нив.
Фонсека има проблеми во одбраната
Екипата од Серија А сезонава има одличен напад, но и очајна одбрана. Тие се на 7-то место во домашниот шампионат со заостанување од седум бода од местата кои водат во Лигата на Шампиони следната сезона. Загрозен им е воопшто пласманот во Европа. Имаат примено 44 голови сезонава, што е втор најлош учинок во лигата од екипите во горната половина на табелата.
Откако претходно исфрли два свои поранешни клуба – совладувајќи ја Брага, а потоа и Шахтјор Доњецк во следната рунда – Фонсека сега може за прв пат да ја одведе Рома во полуфинале, останувајќи со амбицијата за обезбедување на место во Лигата на шампионите резервирано за шампионот во Лигата на Европа.
Викендот, Рома успеа да ја победи Болоња со единствениот гол на Борха Мајорал, но тие се истрошија многу повеќе од планираното. Дефинитивно, ако Фонсека сака да ја зачува предноста од Амстердам, тогаш ќе мора да смени нешто во играта – не може по втор пат да се надева дека среќата ќе биде на негова страна.