Дома Трансфер зона Романо открива детали: Лаутаро не го завршил во Тотенхем само поради бонусите

Романо открива детали: Лаутаро не го завршил во Тотенхем само поради бонусите

Познатиот италијански новинар кој важи за експерт за трансфери, Фабрицио Романо тврди дека Тотенхем имал намера да потроши 90 милиони евра за да го доведе Лаутаро Мартинез.

Мартинез постигна 40 голови за Интер во сите конкуренции во изминатите две сезони. Романо тврди дека „петлите“ не платиле 90 милиони вера само поради дополнителните бонуси кои требало да бидат вклучени во договорот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно, Лаутаро разговарал со спортскиот директор на Тотенхем, Фабио Партичи, а Романо во својот подкаст „Here We Go“ објави дека Спарси понудиле 70 милиони евра како оштета плус 20 преку бонуси.

Комплицирани биле 10 милиони од тие 20. Првата половина била предвидена за лесно остварливи бонуси поврзани со настапите, додека втората половина направила проблем затоа што се однесувала на освојувањето на титули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…