ФУДБАЛЕРОТ на Манчестер Сити и шпанската репрезентација Родри (28) ја освои Златната топка што ја доделува францускиот фудбалски весник Франс Фудбал.
„Ова е неверојатна ноќ за мене. Сакам да им се заблагодарам на сите што гласаа за мене, кои ми ја дадоа својата доверба. Денеска е многу посебен ден не само за мене, туку и за моето семејство, мојата земја, мојата девојка. Фудбалот е колективен спорт, тука сум и благодарение на Сити, персоналот, играчите.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Тоа е многу посебно за мене, немаше да го постигнам без вас. Благодарност до репрезентацијата, селекторот Луис де ла Фуенте што ми веруваше толку долго. Тоа е победа и за шпанскиот фудбал. Денеска многу луѓе ми пишаа дека победи фудбалот“, изјави Шпанецот по доделувањето на наградата.