Еден од хероите во освојувањето на титулата во Лигата на шампионите на Реал Мадрид е 21-годишниот Бразилец Родриго.
Родриго постигна два гола во судиското продолжение од полуфиналето против Сити кое на крајот во продолженијата го реши Бензема.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пред три години можеби беше изненадување кога Реал на Сантос му плати 45 милиони евра, но денес се покажува дека тоа бил добар потег. Сега Родриго откри дека имал и понуда од Барселона.
„Се вратив дома после натпревар. Дома имав дрес од Реал Мадрид и влезе татко ми со тој дрес и дрес од Барселона и ми кажа да бирам, го избрав Реал, ете и денес сум тука“, изјави Родриго.
Родриго откри и дека неговиот татко имал договор со Барселона, меѓутоа на крајот пресудила неговата желба да игра за Реал.