Бразилецот Робињо своевремено беше еден од најголемите таленти на светскиот фуддбал. Потенцијалот во целост не го исполни, но и денес со 36 години може да и помогне на својата екипа.
Робињо од јануари 2018 година во Турција, прво настапуваше за Сиваспо, а една година подоцна за Башекшир. Соработката со Башакешир многу веројатно нема да биде продолжена, па Робињо е во потрага по нова средина.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наводно, главен фаворит за да го доведе е клубот за кој Робињо настапуваше неколку пати во кариерата, бразилски Сантос.
Како што пишува „Глобоеспорте“ во Сантос веруваат дека ќе успеат да ги обезбедат услугите на Робињо. Според информациите преговорите се веќе започнати.
Робињо сениорската кариера ја започна во токму во Сантос од каде што во 2005 година направи трансфер во Реал Мадрид. Потоа ушта два пати го облекуваше дресот на овој клуб (2010. 2014-2015).