Дома Фудбал Англија Робертсон призна: Ливерпул не е кандидат за титулата

Робертсон призна: Ливерпул не е кандидат за титулата

Дефанзивецот на Ливерпул, Ендру Робертсон смета дека „црвените“ повеќе не се кандидати за титулата во Премиер лигата.

Синоќа Ливерпул загуби на домашен терен од Брајтон и сега заостанува седум бода зад лидерот Манчестер Сити, а „црвените“ во недела ќе го пречекаат тимот на Гвардиола.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


„Секој меч против Сити е голем натпревар. Да бидеме искрени, во моментов ние не сме кандидати за титулата. Ние имаме седум бода помалку и бод повеќе. Сигурен сум дека и тие ќе го кажеа истото ако заостануваа потенцијално 10 бода зад нас. Сепак, ние сме должни да го вратиме вистинското лице на Ливерпул и да се бориме до крај“, изјави левиот бек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Jaмал можел да игра за друга репрезентација, призна дека размислувал: Немаше да биде погрешно

Ламин Јамал, 18-годишниот суперталент на Барселона, во последното интервју за CBS ја откри…