Репрезентативецот на Англија Лук Шо одигра одличен натпревар против Украина, а после овој дуел многумина го споредуваа со бразилската легенда Роберто Карлос.
Овие споредувања стигнаа и до самиот Карлос, па новинарите го запрашаа тој да каже нешто на оваа тема.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Карлос не сакаше премногу да зборува.
„Не сакам споредувања. Станува збор за комплетно два различни периоди. Јас имав свој период, тој сега има свој. Можеби има сличности со неговата сила и желбата за победа“, изјави Карлос.
Споредба со помеѓу Карлос и Шо, направи и напаѓачот на Англичаните, Хари Кејн кој на својот соиграч му даде прекар „Шокарлос“