Арјен Робен истакна дека во 2009 година ја донел најтешката одлука во животот кога од Реал Мадрид се пресели во Баерн Минхен, бидејќи сметал дека тоа е чекот назад во неговата кариера.
Реал во 2009 година донесе неколку супер ѕвезди, па Робен го загуби местото во тимот и мораше да биде продаден.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
„Тоа беше многу чудно лето кога Флорентино Перез се врати на претседателското место. Беа доведени нови фудбалери, Роналдо, Кака, Бензема и Чаби Алонсо за многу големи пари. Ми рекоа дека клубот мора да ме продаде за да заработи, но во прв момент не сакав да заминам. Имав најдобра предсезона, но не добивав шанса и морав да донесам одлука“, раскажува Робен.
„Постоеше контакт со Баерн, но тоа беше тешка одлука. Најтешка во мојата кариера. Баерн тогаш не беше меѓу европската елита, како што е сега, и тоа за мене беше чекор назад. На крајот се согласив бидејќи Баерн направи се за да ме доведе, а присуството на Ван Гал помогна во тоа. Сега ја играм осмата сезона во Баерн и станав дел од клубот“, заклучи Холанѓанецот.