Дома Фудбал Италија Робен се понуди на клуб од Серија А

Робен се понуди на клуб од Серија А

Холандскиот крилен фудбалер Арјен Робен би можел од следната сезона да биде член на италијански клуб.

Робен на крајот од овој месец станува слободен играч откако му истекува договорот со Баерн и познато е дека Холанѓанецот ќе го напушти Минхен, но се уште не е познат новиот тим.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Поранешниот играч на ПСВ, Челси и Реал Мадрид наводно сака да игра во Серија А, и според некои медиуми тој му се понудил на Лацио.

Калчомеркато пишува дека претставници на Робен го контактирале Лацио и порачале дека играчот е спремен да дојде во Рим.

Робен оваа сезона запиша 19 настапи и постигна шест погодоци. Со Баерн ја освои двојната круна за крај на богатата кариера во Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Гробари“ жестоко се тепаа на улица во Никшиќ: Се користеа факели, палки и шипки – има и повредени (Виде)

Од Никшиќ пристигнуваат вознемирувачки сцени. Се случи конфликт меѓу навивачите на Партиза…