Дома Фудбал Германија Робен откри зошто ја одбил богатата понуда од Кина

Робен откри зошто ја одбил богатата понуда од Кина

Холандскиот фудбалер, Арјен Робен за германските медиуми изјави дека пред неколку месеци одбил богата понуда бидејќи сакал да остане во Баерн.

Во зимскиот трансфер период имаше многу шпекулаии дека Робен ќе го напушти Баерн, но на крајот од тоа немаше ништо. Холанѓанецот за германските медиуми потврди дека постоеле понуди за кој долго размислувал, но дека на крајот одлучил да остане во Баерн барем уште една сезона.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Сакам да продолжам да играм на највисоко ниво и да освојам уште една ЛШ. После тоа или ќе ја завршам кариерата или ќе продолжам да играм во некоја земја како Кина или САД. Вистина е дека во јануари имав неколку богати понуди од Кина. За една долго размислував, но на крајот морав да ја одбијам бидејќи сакам уште да играм на високо ниво“, изјави Робен.

Навивачите на Баерн пред себе имаат прилично лош викенд, иако ќе ја прослават титулата шампион на Германија. Имено, за последен пат на теренот ќе ги видиме Филип Лам и Чаби Алонсо кој одлучија да ги остават копачките на крајот од оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…