Дома Фудбал Германија Робен на тажен начин ја завршува кариерата во Баерн Минхен

Робен на тажен начин ја завршува кариерата во Баерн Минхен

Aрјен Робен на тежен начин ја заврши кариерата во Баерн Минхен.

Искусниот 35 годишен офанзивец на крајот на сезоната ќе го напушти клубот во кој помина 10 години, но изгледа дека тој со настапите за германскиот гигант заврши.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Повредите беа составен дел од кариерата на Робен. Така и сега, токму поради една од нив Холанѓанецот многу веројатно ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Дека не е сигурен дали повторно ќе заигра за Баерн потврди самиот Робен.

„Не сум сигурен дали ќе заиграм за Баерн до крајот на сезоната. Ситуацијата е навистина фрустрирачка, не знам што е во прашање“, изјави Робен за „Скај Германија“.

Робен последниот натпревар во дресот на Баерн Минхен го одигра во ноевмри минатата година. Тоа беше натпревар од Лигата на шампионите против Бенфика и од тој момент е надвор од терените поради повреда.

Ова е тажен крај за една голема кариера во Минхен. Ќе потсетиме пред неколку дена медиумите објавија дека Робен кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата во дресот на Торонто, меѓутоа најпрво би требало целосно да се опорави од повредата за овој трансфер да биде официјализиран.

својата голема кариера Робен во дресот на Баерн настапи на 305 натпревари и постигна 143 погодоци во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…