Ветераниот на Баерн Минхен, Арјен Робен смета дека неговиот тим го добил најтешкиот можен противник во осминафинето во Лигата на шампиони.
Баварците ќе ги одмерат силите со Ливерпул, а Робен смета дека „црвените“ се фаворити за освојување на трофејот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ливерпул оваа сезона игра фантастично, подобро од минатата сезона кога стигна до финалето. Според мене тие се фаворити за освојувањето на трофејот од ЛШ оваа сезона. За нас ова беше налошиот можен ждреб. Но, ако имаме добар ден и ако играме како што знаеме, работите ќе бидат многу тешки за Ливерпул“, истакна Робен.
„Не знам дали Ван Дајк е најдобриот дефанзивец на светот, но сум среќен за него. Тој израсна многу како фудбалер и како човек. Тој е клучен играч на Ливерпул и е капитен на холандската репрезентација. Заслужува комплименти“, заклучи искусниот Холанѓанец.