Дома Фудбал Ристовски на полувремето во солзи замина во соблекувалната. Соиграчите го тешеа

Ристовски на полувремето во солзи замина во соблекувалната. Соиграчите го тешеа

Риека и Динамо одиграа 2:2 во лудото дерби од 15. коло на СуперСпорт ХНЛ.

Динамо поведе во 41. минута со голот на Дариј Шпикиќ, но Риека се врати преку Линдон Селахи во 53. минута.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Динамо повторно поведе во 83. минута со голот на Дино Периќ, а бод за Риека на две минути пред крајот постигна Матеј Митровиќ.

На полувреме резултатот беше 1:0 за Динамо. Некои од случувањата во првото полувреме беа особено тешки за Стефан Ристовски, исто така поранешен играч на Риека, па на полувремето во солзи отиде во соблекувалната.

Ова во преносот го кажа Андрија Цмречњак, коментатор на Макс спорт, кој истакна дека Ристовски го тешеле соиграчите.

Засега не се знае за што точно се работи, дали бил силно удрен од нешто што било фрлено или извикувано од трибините или пак се работи за повреда која предизвикала толкава болка што не можел да издржи, коментираат Хрватите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ликвидиран млад фудбалер во напад на автобус: Се враќале од натпревар кога напаѓачите пукале во возилото

Доминик Фримпонг (20), фудбалер на Берекум Челси од Премиер лигата на Гана, беше убиен за …