Дома Фудбал Англија Рио Фердинанд бесен: Ова е срам за фудбалот!

Рио Фердинанд бесен: Ова е срам за фудбалот!

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација Рио Фердинанд вчера пред камерите на „БТ Спорт“ зборуваше за новофомираната Суперлига во која учеството го потврдија 12 европски гиганти.

Манчестер Јунајтед е еден од клубовите кои вчера објавија дека излегуваат од Лигата на шампионите на УЕФА и започнуваат ново затворено натпреварување во кое ќе играат вкупно 20 клубови.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Ова е голем срам за фудбалот. Таа одлука ја донеле луѓе на кои им се важни само парите. Клубовите кои излегоа од Лигата на шампионите започнаа војна против фудбалот. Одлуката е против сето она што во суштина е фудбалот. Тие отвараат ексклузивен, затворен, дуќан за моќниците во која крајна цел се парите. Богатите ќе бидат уште побогати, а останатите повеќе не се во игра“, порача бесно Фердинанд.

Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Тотенхем, официјално прифатија да бидат дел од лигата, се чека да се види кои ќе бидат следните клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола е 100% сигурен дека Родри ќе блеска повторно

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е “100% сигурен” дека Родри ќе се в…