Дома Фудбал Ривалдо: Меси е среќен со Лапорта, верувам дека ќе остане

Ривалдо: Меси е среќен со Лапорта, верувам дека ќе остане

Легендата на Барселона, Ривалдо нема дилеми кога е во прашање иднината на Лионел Меси на „Камп Ноу“.

Аргентинецот влезе во последната година од договорот и на лето ќе биде слободен агент, па медиумите шпекулираат дека ќе си замине од „Камп Ноу“.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Меси и минатото лето изрази желба да ја напушти Барселона, но сега расположението се промени откако за претседател беше назначен Лапорта.

„Барса напредуваше во последните недели, Меси е во одлична форма, а очигледно дека на тимот влијаеше промената на претседателот. Меси изгледа посреќен од кога се врати Лапорта, па од таа причина верувам дека големи се шансите да остане на Камп Ноу“.

„Верувам дека ќе се договори со новото раководство и ќе остане во Барселона уште неколку години. Доаѓањето на Лапорта многу ги зголеми шансите Лео да остане“, смета Ривалдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Грилиш: Судијата нè изнервира, потпадна под влијание на „Енфилд“

Фудбалерот на Евертон, Џек Грилиш, го обвини судијата Дарен Ингланд дека бил под влијание …