Дома Трансфер зона Рибери го повика Робен во Фиорентина, а овој му одговори: Ќе дојдам само ако дојде и Ибрахимовиќ

Рибери го повика Робен во Фиорентина, а овој му одговори: Ќе дојдам само ако дојде и Ибрахимовиќ

Францускиот крилен фудбалер Франк Рибери пред неколку дена потпиша двегодишен договор со Фиорентина.

Рибери пред дури 12 години помина во Баерн во кој стана вистинска легенда. Во Баерн играше заедно со Арјен Робен кој заедно со него го напушти Минхен.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


За разлика од Рибери, 35 годишниот Робен одлучи да оди во пензија. Сепак во едно интервју порача дека би можел да ја смени својата одлука. Поради тоа Рибери му испрати повик за кој се надева дека ќе го натера да ја промени одлуката.

Имено, Рибери го повикал Робен да му се придружи во Фиорентина и заедно да ја продолжат фудбалската приказна. Робен му одговори на интересен начин.

„Ќе дојдам само ако дојде и Ибрахимовиќ“, ја пренсуваат изјавата на Робен италијанските медиуми.

Шансите за Ибрахимовиќ да потпише за Фиорентина во овој момент изгледаат мали, но фудбалот не научи дека се е можно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…